Од Дебарско–кичевската епархија информираат дека на 31. Јануари, петок, во метохот на манастирот Св. Наум Охридски–„Св. Атанасиј Велики“ во Љубаништа, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. Атанасиј Велики“.

Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.