Дебарско–кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31-ви јануари, четврток, во метохот на манастирот Св. Наум Охридски–„Св. Атанасиј Велики“ во Љубаништа, со почеток во 9 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот Св. Атанасиј Велики.
На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско–сиднејски г. Тимотеј.
OhridNews












