Дебарско–кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 23-ти февруари, недела, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“–Каменско, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Св. свешт-мч. Харалампиј“.

Литургијата ќе почне во во 8:45 часот. Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско–кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

OhridNews