По повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец“, патронот на градот Охрид и на Македонската православна црква, од Дебарско-кичевската епархија информираат дека вечерва, 7 декември, со почеток во 16 часот, во манастирот „ Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, ќе се служи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
На 8 декември, вторник, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец“ со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужба ќе има само во во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник,едноцрквие.
На 9 декември, среда, во црквата „Свети Ѓорги“, Влашка маала, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети великомаченик Георгиј“ со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужба ќе има само во црквата „Свети Ѓорги“ – Влашка маала, (едноцрквие).
OhridNews