Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 17-ти декември, недела, во манастирот „Св. Наум Охридски“, со почеток во 17 часот, ќе се служи вечерна богослужба по повод празникот „Преп. Нектариј Битолски“. На вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
На 18-ти декември, понеделник, со почеток во 8.45 ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г.Тимотеј.
На 19-ти декември, вторник, во црквата Св. Никола Геракомија–Варош, со почеток во 8.45 часот ќе се служи Света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. Николај Мирликиски Чудотворец“ на која ќе чиноначалстува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г.Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.
OhridNews












