Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека денес, 18 март, во црквата  „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 16 часот, ќе се служи првиот „Акатист на Пресвета Богородица“, на кој ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Акатист ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

На 19 март, сабота, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, со почеток во 8.30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. свештеномаченик Теодот епископ Киринејски“ – (Тодорова сабота). Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

На 20 март, недела, во црквата „Свети Ѓорѓи“- Влашка маала, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод Првата недела од Велигденскиот пост „Недела на Православието“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

OhridNews