Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27-ми Август, вторник, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско, со почеток во 17:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба со опело на „Пресвета Богородица“, по повод храмовиот празник „Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица“.
На 28-ми Август, среда, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско–кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. (Едноцрквие)
На 29-ми Август, четврток, во манастирот „св.Климент и св.Пантелејмон“ Плаошник, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Неракотворен образ на Господ Исус Христос и преподобен Јоаким Осоговски“, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
OhridNews












