
На 6-ти јануари, сабота, Бадник-Коледе, света златоустова литургија ќе има во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 8.30 часот.
На 7-ми јануари, недела, по повод Рождеството Христово-Божик света архиерејска василиева литургија ќе има во црквата „Св.Георги“ со почеток во 8.45 часот. Света василиева литургија ќе се служи и во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот. Во Плаошкиот манастир „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ ќе има богослужба.
OhridNews











