Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 14-ти октомври (сабота), во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција на Плаошник – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица и Св.Јован Кукузел“.

Литургијата ќе започне во 8:45 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.