Литванскиот клуб Драгунас Клаипеда ќе биде противникот на ГРК Охрид во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп. Првиот натпревар ќе се одигра на 21/22 ноември во Литванија, а реваншот во “Билјанини извори” на 28/29 ноември.

Во третото коло ќе настапат 32 екипи од 24 земји. Првите натпревари се закажани за 21/22 ноември, а реваншите за 28/29 ноември. Победниците од 16-те двомечи ќе обезбедат пласман во осминафиналето, кое ќе се игра во февруари 2027 година.

ГРК Охрид пласманот во третото коло го обезбеди со две убедливи победи над турски Спор Тото во „Билјанини извори“ 36:24 и 38:22, односно со вкупни 74:46.

„Гладијаторите“ сезонава ја бранат европската круна освоена минатата сезона, кога во финалето двапати ја совладаа Татабања.

OhridNews