Денеска, со почеток во 18 часот, Кошаркарскиот клуб АВ Охрид на домашен терен во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го пречека составот на Шкупи од Скопје.

Мечот од 19-та рунда против последноопласираниот тим на табелата е вистинска прилика за охридските кошаркари со победа да стават точка на постот без триумф во Првата лига. „Галебите“ имаат претрпено седум порази по ред, а последен пат победија на гостински терен против Гостивар.

OhridNews