Кошаркарскиот клуб АВ Охрид денеска со почеток во 18 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ против Фени Индустри го игра еден од исклучителните важни мечеви во Првата лига.

„Галебите“ амбициите за плејофот можат да ги „нахранат“ само ако на дуелот со трикратниот шампион на Македонија извојуваат победат.

Фени Индустри во првиот меч контроверзно победи после дополнителните пет минути, откако регуларните 40 не го дадоа победникот.

Преносот на Ohrid News ќе започне пет минути пред официјалниот старт на натпреварот.

OhridNews