Охридските кошаркари во 15-та рунда од Првата македонска кошаркарска лига гостуваат во Гевгелија кај составот на Кожув.

Натпреварот во спортската сала „26 април“ е со исклучително значење за „галебите“ кои атакуваат на пласман во плејофот од кошаркарската елита.

Дуелот во Гевгелија започнува во 17 часот, а директниот пренос пет минути порано. 

OhridNews