Кошаркарите на АВ Охрид денеска со почеток во 19 часот против тимот на Шкупи во спортската сала „Шабан Трстена“ ќе го одиграат претпоследниот натпревар од 17-та рунда во Првата македонска кошаркарска лига.

Бодовите од овој натпревар се од големо значење за двете екипи. Домашниот состав ги брка за опстанок во елитата, додека охридските кошаркари за пласман во плејофот.

Преносот во живо на Ohrid News ќе започне пет минути од официјалниот почеток на натпреварот во Чаир.

OhridNews