Кошаркарите на АВ Охрид во 13-та рунда од Првата македонска кошаркарска лига гостуваат во Куманово, а силите ќе ги одмерат со истоимената екипа.

Во пресрет на дуелот во Куманово домашниот состав има предност од две победи (7-5) и се наоѓа две места пред охриѓани на табелата кои имаат скор (6-6) после 12-ет одиграни мечеви во елитата.

Најчитаниот интернет портал во регионов Ohrid News ќе врши пренос во живо од мечот во Куманово кој започнува во 17 часот.

Мечевите од 13-та рунда ги најави тимот на Работнички кој со 74-55 го совлада Фени Индустри, a во останати среди ќе се сретнат Кожув – Гостивар, Струмица – Карпош Соколи, Пелистер – Блокотехна, МЗТ Скопје – Шкупи.

OhridNews