Охридскиот ракометен клуб со триумф го започна второто учество на Ракометниот турнир во Струга. „Гладијаторите“ во првиот натпревар од групата со тесни 25-24 (10-9) го совладаа Бутел Скопје.

Иако се работеше за прв меч после подолга пауза и во тек на подготовки, двете екипи покажаа добар ритам и пружија солиден ракомет. Одбраната одигра клучна улога во суперлигашкото дерби на стартот од втората група.

Составот на Бутел Скопје подобро го отвори натпреварот и успеа да поведе со 5-2 и 6-3. „Гладијаторите“ се консолидираа и возвратија за 7-7. Во завршните минути од првиот дел охридските ракометари го презедоа водството и со минимални 10-9 заминаа на одмор.

После паузата, Бутел Скопје со серија од 5-2 дојдоа до 14-12. А, брзо, разликата „скокна“ на три погодоци (16-13). Пулените на Раде Стојановиќ смогнаа сили и одново се вратија резултатски игра (17-17). Бутел Скопје се „врати“ на 19-17, но тоа значеше комплетно будење на „гладијаторите“. Со серија од 4-1, Охрид го презеде водството (21-20). До крајот на семафорот остана една бројка плус крај составот на Охрид за успешен почеток.

На голот на Охрид се истакна Јагош Брауновиќ кој имаше неколку маестрални интервенции во серија, додека кај стрелците Денис Тот постигна шест голови, а Бобан Блажески реализираше пет. Кај Бутел Скопје Мирко Мајиќ постигна пет голови.

Охриѓани во втората рунда (утре) играат против составот на Вардар. Бутел Скопје во втората рунда ќе ги одмери силите со Еурофарм Пелистер 2.

Мх.П.