Екипата на Охрид го претрпе првиот пораз на струшкиот ракометен турнир откако изгуби од двократниот европски првак, Вардар со 27-22 (13-12).

„Гладијаторите“ без разлика на поразот од пет погодоци разлика се претставија во добро светло и наговестија интересен крај на турнирот во Струга и добра сезоната во Супер лигата.

Охриѓани со отворен гард им се протиставија на „вардарци“. Во текот на целото прво полувреме ракометарите на Охрид беа рамноправен ривал и на одмор заминаа со еден погодок негатива (12-13).

Клучната разлика за триумф, составот на Вардар ја направи на стартот од вториот дел кога со серија голови се одлепи на пет погодоци. „Гладијаторите“ и покрај негативата не се предадоа и уште се бореа против квалитетниот тим на Вардар. „Црвено црните“ не дозволија намалување на разликата и триумфираа 27-22.

Охрид утре е слободен, а, мечевите ги продолжува в петок со дуелот проти Еурофарм Пелистер 2.

OhridNews