Ракометниот клуб Охрид со триумф ја заврши есенската полусезона во Супер лигата. „Гладијаторите“, во последниот натпревар во календарската 2019 година на домашен терен со 33-18 (18-8) ја совладаа екипата на Вардар Јуниор.

Охридските ракометари со победата над младите „вардарци“ ја заокружија успешната полусезона и останаа во самиот врв од табелата во Супер лигата.

Во првите пет минути, Охрид постигна четири погодоци, а одбраната дозволи само еден погодок за мрежата за почетна предност од три голови. После само пет минути игра, домаќините поведоа со 9-3 и го решија натпреварот.

Ротацијата во составот на Охрид внесе свежа крв. Бодрени од публиката ракометарите од младинскиот погон не само што ја задржаа разликата, туку ја зголемија за плус десет на полувремето (18-8).

На стартот од второто полувреме, Охрид не се опушти и за три дополнителни голови ја „набилда“ разликата на семафорот. Тренерот на Охрид повторно ротираше, а сите ракометари максимално се бореа и обезбедија висока победа од 33-18.

Во составот на Охрид по пет голови постигнаа Крсте Андоноски, Боба Блажески и Михаил Иваноски, а по четири пати прецизни беа Мартин Ивановски и Денис Тот. Во тимот на Вардар, Мартин Карапалевски реализираше шест голови.

Во ракометната елита следува пауза, а мечевите продолжуваат во март месец следната година.

OhridNews