Охридските кошаркари, го скршија мразот и ја забележаа првата победа на домашен терен во Втората машка кошаркарска лига. „Галебите“, во СРЦ „Билјанини Извори“ со 105-88 (26-29, 31-15, 24-24, 24-20) ја совладаа екипата на Битола Карта Медика.

Кошаркарите на Охрид не го започнаа мечот најдобро и првиот квартал го завршија со три поени негатива (29-26). Во вториот квартал, охриѓани одиграа без грешка. Одбраната беше на ниво, додека нападот постигнуваше поени од секоја позиција. Охрид вторите 10 минути ги доби со 31-15, за двоцифрена предност на семафорот.

Разликата после 30-ет минути остана иста, бидејќи третата четвртина заврши 24-24. Печат на победата, кошаркарите на Охрид, ставија во решавачкиот четврти квартал, кој го добија со 24-20.

За охриѓани ова беше трет триумф во Втората лига и со скор 3-2, се наоѓаат на средината од табелата.

Во следната рунда, Охрид, гостува кај тимот на Чаир 2030.

OhridNews