Екипата на Ливерпул на дерби средбите со Манчестер Јунајтед и Арсенал во Премиер лигата ќе настапи без Дејан Ловрен и Филипе Коутињо.


Хрватскиот односно бразилскиот репрезентативец се повредија на дуелот со Стоук во рамките од 1/2 финалето во англискиот Лига Куп.

Ловрен се очекува побрзо да се врати на терените додека Коутињо ќе отсуствува најмалку две недели.

По повредите на Ловрен и Шкртел германскиот стручњак Јирген Клоп остана само со Коло Туре во срцето на одбраната.

„Црвените“ на листата за потенцијални засилувања за сега ги имаат Невен Суботиќ од Борусија Дортмунд и Ранокија од екипата на Интер.

Ohridnews