Екипата од Енфилд мораше брзо да реагира околу решавањето на проблемите во одбраната и го ангажираше дефанизвецот Стивен Колкер на позајмица до крајот на сезоната од Квинс Парк Ренџерс.


Колкер кој првата полусезона ја помина како позајмен фудбалер во Саутемптон треба да биде привремено решение во одбраната откако аут од теренот  поради повреди се Дејан Ловрен, Мартин Шкртел и Сако.

Единствен здрав централен дефанзивец во Ливерпул е Коло Туре, а менаџерот Јирген Клоп не сака да експериментира со најчувствителната позиција во екипата.

Колкер во дресот на „црвените“ најверојатно ќе дебитира во дербито со Арсенал во Премиер лигата кое ќе се одигра во среда.

Дефанзивецот преставува второ официјално засилување за Ливерпул во зимскиот преоден рок, по српскиот репрезентативец Марко Грујиќ кој на премиерлигашот ќе му се приклучи слендата сезона.

Мх.П.