Фудбалерите на Ливерпул продолжија со добрата игра и лесно со убедливи 4-0 го совладаа градскиот ривал Евертон на Енфилд.
„Црвените“ на крилата од Џејмс Милнер кој асистираше два пати во првиот дел до Ориги односно Мамуди Сако го скршија отпорот на „карамелите“.
Во 50-та минута гостите од Гудисон Парк останаа со фудбалер помалку откако Рамиро Фунес Мори остро стартуваше над Ориги.
Бројчната предност домаќините ја капитализираа постигнувајќи уште два голови преку Коутињо и Стариџ за висока победа.
Резултати: Мен Ју – Кристал Палас 2-0, Ливерпул – Евертон 4-0, Вест Хем – Ватфорд 3-1.
OhridNews