Девет месеци по седнувањето на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп потпиша нов шестгодишен договор со англискиот премиерлигаш од Енфилд.
Јирген Клоп на 8. октомври минатата година го наследи Брендан Роџерс, а ќе го предводи Ливерпул до 2022 година. Претходниот договор на Клоп имаше важност до 2018 година, но челниците на клубот се задоволни од неговата работа и сметаат дека тој е иднината на Ливерпул, поради што и му бил понуден нов договор.
Клуп и Ливерпул на 2. јули ги започнаа подготовките за новата сезона. Во подготвителниот период „црвените“ ќе одиграат девет пријателски натпревари.
Ливерпул минатата сезона ја заврши на осмото место во Премиерлигата и нема да игра во европските купови. „Црвените“ стигнаа до финалето во Лига Европа каде загубија од Севилја (3-1).
OhridNews