Сезонава во која преостануваат уште три натпревари е завршена за Даниел Стариџ, а можеби Ливерпул ќе го загуби и за стартот од следната.
Стариџ се оперираше во Америка и преку својот официјален твитер профил се огласи дека се поминало добро и дека го очекува процес на рехабилитација.
Напаѓачот на „црвените“ сезонава одигра само 12 натпревари во Премиер лигата и постигна четири погодоци.
Повредите го спречија да ја повтори минатата сезона кога со Луис Суарез беа вистинска напаст за противничките екипи.
Мх.П.