Екипата од Енфилд се уште трага по замена за Луис Суарез кој остави неизбришлив белег во Ливерпул. Одлуката падна на Кристијан Бентеке кој ги брани боите на Астон Вила.

Робусниот напаѓач има фантастични бројки зад своето име, а „црвените“ решени се да ја активираат клаузулата која изнесува 30 милиони фунти.

Од заминувањето на Суарез во Барселона премиерлигашот ги доведе Марио Балотели и Рики Ламберт, но тие не дадоа никаков придонес минатата сезона.

На Ливерпул му е неопходен центарфор кој ќе ги тресе противнички мрежи исто како Суарез кој ја освои наградата најдобар стрелец во Премеир лигата.

„Црвените“ веднаш инвестираа дел од финансиите кои ги заработија од продажбата на Рахим Стерлинг во Манчестер Сити.

Ohridnews