Екипата од Енфилд со потпишувањето на договорот со Марко Грујиќ го доведе првото засилување во ерата на германскиот стручњак Јирген Клоп.
Српската фудбалска надеж до крајот на сезоната кариерата ќе ја продолжи во Црвена Ѕвезда, а потоа ќе му се приклучи на англискиот премеирлигаш.
Вкупниот износ од трансферот изнесува 7 милиони евра, а „црвено белите“ ќе платат 1 милион за останувањето на Грујиќ до крајот на сезоната.
Грујиќ за Црвена Ѕвезда дебитираше на 17 години, а вниманието кон себе го привлече со одличните игри на Мундијалот до 20 години каде Србија го освои златото.
Ohridnews













