Англискиот премиерлигаш Ливерпул обезбеди пласман во финалето на Ауди купот во Минхен совладувајќи го Баерн Минхен со 3-0 во 1/2 финалето.
„Црвените“ во финалето силите ќе ги одмерат со Атлетико Мадрид, кој во првото полуфинале славеше со 2-1 против тимот на Наполи.
Избраниците на Јирген Клоп му одржаа вистинска фудбалска лекција на „баварците“ кои се далеку од посакуваната форма. Со головите на Садио Мане и Мухамед Салах во првиот дел англичаните ја најавија победата, а ја заверија во финишот од второто полувреме со голот на Даниел Стариџ.
Натпреварот за првото место се игра денеска со почеток во 20 часот и 30 минути.
OhridNews