Екипата на Ливерпул забележа висока победа (4-1) над Манчестер Јунајтед во англиското дерби, кое, се одигра во американскиот град Мичеген во рамките од „Купот на Шампиони“.

„Црвените“ им одржаа вистинска лекција по модерен фудбал на „црвените ѓаволи“ во предсезонските натпревари. Ливерпул резултатот го отвори преку Мане од пенал, бројките на семафорот ги изедначи Переира. Избраниците на Јирген Клоп со  голот на Стариџ поведоа со 2-1, а Ојо од пенал и Шаќири со маестрален погодок го дотолчија големиот ривал од Премиер лигата.

Синоќа, во „Купот на Шампиони“, Јувентус после изведувањето на пеналите ја совлада Бенфика, Челси подобар беше од Интер во пенал рулетот, а исти триумф забележа и Барселона против Тотенхем, додека Манчестер Сити со пресврт славеше против Баерн Минхен (3-2).

Резултати: Арсенал – ПСЖ 5-1, Ливерпул – Мен Ју 4-1, Челси – Интер 5-4 (1-1), Бенфика – Јувентус 2-4 (1-1), Барселона – Тотенхем 5-3 (2-2), Мен Сити – Баерн Минхен 3-2.

OhridNews