Бразилскиот чувар на мрежата Алисон Бекер е најскапиот голман во историјата на фудбалот, откако за оштета од 69 милиони фунти го засили славниот Ливерпул од италијанскиот калчолигаш Рома.

На официјалната презентација 25-годишниот голман изјави дека публиката на Енфилд и менаџерот на „црвените“  Јирген Клоп биле причина за преселување во Ливерпул.

  • На натпреварот кој го играв со Рома на Енфилд имав можност да видам колку е важна публиката и колку мотивирачки делува на играчите. Исто така можев да го видам Клоп како ја води екипата и одблиску да се уверам во неговите квалитети. Возбуден сум за новиот предизвик и со нетрпение го чекам денот кога ќе започнам да тренирам со екипата. – изјави Бразилецот.

Алисон Бекер со Ливепул потпиша шестгодишен договор и ја реши слабата страна на четата од Клоп, која поради голманските грешки на Лорис Кариус во финалето останаа без трофејот во Лигата на Шампиони.

OhridNews