Фудбалскиот клуб Ливерпул го официјализираше трансферот на Мухамед Салах. Египетскиот репрезентативец на Енфилд доаѓа од италијанскиот калчолигаш Рома. 

„Црвените“ за услугите на брзоногиот фудбалер на „волчицата“ им исплатија 39 милиони фунти плус бонуси кои се вклучени во договорот. 

Со комплетирањето на трансферот Салах стана најскапиот фудбалер на Енфилд. Тој го презеде епитетот од Енди Керол кој за 35 милиони фунти 2011 година од Њукасл премина во редовите на „црвените“. 

Салах го презеде бројот 11 од Фирмињо, кој следната сезона ќе го носи бројот 9 на својот грб. 

OhridNews