Екипата на Ливерпул покрај болната точка во тимот, левата бековска најверојатно ќе ја реши и голманската дилема, откако на прагот од Енфилд се наоѓа англискиот репрезентативец, Џо Харт.
Харт, моментално брани во Италија во тимот на Торино, но како позајмен фудбалер од Манчестер Сити кој во своите редови го има Клаудио Браво.
Менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп иако во јавноста ги охрабрува голманите Симон Мињолет и Лорис Кариус не е задоволен од нивните перформанси сезонава.
Со Харт на голот, Клоп очекува да добие стабилност во екипата која е неопходна во борбата за титулата.
Ливепул после 17 мечеви во Премиер лигата се наоѓа на втората позиција со се шест бодови негатива од првопласираниот Челси.
OhridNews