Англиските премиерлигаши Арсенал и Ливерпул извисија во трката за потписот на Жулијан Дракслер, откако фудбалерот на Волфзбург се договори со Пари Сент Жермен.


Оваа информација ја потврди германскиот клуб на својата официјална клупска страница, а договорот со францускиот тим ќе го официјализираат во првиот ден од зимскиот преоден рок.

– Секако, јас сум многу тажен што Дракслер заминува, но таков е фудбалот нема место за емоции. Тој даваше максимум на сите мечеви и го покажа својот квалитет. Во Франција ќе се соочи со нов предизвик и се надевам дека ќе биде успешен како и во нашиот клуб. – рече Валериен Исмаил тренер на екипата.

Во трката за услугите на Дракслер беа Арсенал и Ливерпул, но „волците“ без премногу размислување ја прифатија понудата од 35 милиони евра плус бонуси од шампионот на Франција.

Германскиот репрезентативец од редовите на Шалке се пресели во Волфзбург летото 2015 година за рекордни 30 милиони евра.

OhridNews