Ливерпул, Арсенал и Челси обезбедија пласман во 1/8 финалето од англискиот Лига Куп совладувајќи ги екипите Дерби Каунти (3-0), Нотингем (4-0) односно Лестер (4-2).
Најинтересниот меч во половичната програмата од 1/16 финалето го одиграа актуелниот шампион во Премиер лигата, Лестер и Челси. „Сините“ по дополнителни 30 минути ги совладаа „лисиците“ (4-2) кои во текот на мечот испуштија капитална предност од 2-0.
Сигурни победи и пласман во следната рунда на гостински терен извојуваа Ливерпул и Арсенал. За да не биде така „розево“ за фаворитите се погрижи тимот на Норвич кој со 2-0 го победи и елиминираше Евертон.
Резултати: Бурнмаут – Престон 2-3, Брајтон – Ридинг 1-2, Дерби Каунти – Ливерпул 0-3, Евертон – Норвич 0-2, Лидс – Блекбурн 1-0, Лестер – Челси 2-4, Њукасл – Вулверхемптон 2-0, Нотингем Форест – Арсенал 0-4.
OhridNews