Екипите на Ливерпул и Севиља на 18 мај на „Сент Јакоб“ стадионот во Базел ќе ги одмерат силите во финалето од овогодинешното издание од Лигата на Европа.
Фудбалерите на Ливерпул и Севиља во мечот за титулата стигнаа со стилски победи пред своите гледачи над Виљареал 3-0 односно Шахјтор 3-1.
„Црвените“ во финалето се пласираа со вкупен резултат (3-1) додека актуелниот првак во Лигата на Европа со (5-3) го елиминираше украинскиот преставник.
Во финалето од Лигата на Европа не е титулата само влогот туку и директниот пласман во Лигата на Шампиони без разлика на освоеното место во националниот шампионат.
OhridNews