Стоперот на словачката фудбалска репрезентација Мартин Шкртел (31) кариерата ќе ја продолжи во турскиот вицешампион Фенербахче, по осум години поминати во Ливерпул.

Според информациите во британските медиуми, вредноста на трансферот е околу 5,5 милиони фунти.

Шкртел во Ливерпул пристигна во јануари 2008 година од Зенит од Санкт Петербург и за екипата од Енфилд вкупно одиграл 319 натпревари и постигнал 18 голови.

За словачката репрезентација Шкртел досега има 83 настапи и пет голови.

OhridNews