Англискиот премиерлигаш Ливерпул и шпанскиот тим, Валенсија се најпрофитабилни клубови во Европа во последните десет години кога се работи за заработени пари од продадени фудбалери.
Неколку години овој примат го чуваа португалските екипи Порто и Бенфика, но Ливерпул и Валенсија се новите клубови кои најмногу заработуваат од продажбата на своите фудбалери.
Со вкупно инкасирани 442 милиони евра Ливерпул е водечки, а со десет милиони помалку Валенсија се најде на втората позиција.
„Црвените“ од Енфилд за сума од 50 милиони евра и повеќе последнава деценија неколку фудбалери меѓу кои Луис Суарез, Рахим Стерлинг, Фернандо Торес.
„Лилјаците“ со продажба на фудбалери во Барселона имаат заработено 150 милиони евра, а добриот скаутинг и менаџерската работа на Валенсија и има донесе уште 300 милиони евра.
Со заработка од 415 милиони евра на третата позиција се наоѓа Јувентус, потоа следуваат Бенфика (414), Порто (382), Атлетико Мадрид 377, Тотенхем (369), Рома (367).
OhridNews