Екипата од Енфилд и Јирген Клоп ќе им ги замрсат сметките на Арсенал и Пари Сент Жермен околу трансферот на германскиот репрезентативец, Јулијан Дракслер.


Ливерпул, активно се вклучува во битката за трансферот на Дракслер кој моментално не е на иста бранова должина со својот клуб, Волфзбург.

„Волците“ го суспендираа фудбалерот пред последните мечеви за 2016 година, а сето тоа говори дека Дракслер и клубот ќе ја прекинат соработката.

Според англиските медиуми, ПСЖ е водечки пред Арсенал во трка за Дракслер, но Клоп може да одигра клучен фактор и тој да го одбере Ливерпул за свој следен клуб.

Дракслер, во 2015 година од Шалке во Волфзбург се пресели за 25 милиони евра, но темпераментот на германскиот репрезентативец е поголем проблем од неспорниот квалитет кој го поседува.

OhridNews