Ливерпул се договорил со Рахим Стерлинг да го продолжи договорот кој му истекува за три години, пренесуваGoal.com, повикувајќи се на неименувани извори.

Младиот напаѓач минатата сезона се наметна како еден од клучните играчи во тимот на Ливерпул, со што го привлече вниманието на неколку екипи, пред сите на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Челзи.

Како што пренесува Goal.com, 19-годишниот фудбалер со потпишувањето на новиот договор ќе добие неделна плата од 125.000 фунти.

 

„Макфакс“