Фудбалерите на Ливерпул му го нанесоа првиот пораз на Манчестер Сити минатата рунда, а во ова коло изгубија од Свонси (1-0) кој е последен на табелата во Премиер лигата.
„Црвените“ во дуелот со последнопласираниот немаа среќа, но без разлика не смеаја да си дозволат ваков кикс кај екипата која со овие три бодови се врати во живот за опстанок.
Стрелец на победничкиот гол за „лебедите“ беше Алфи Моусон пет минути пред крајот на првиот дел од натпреварот. Сепак, херој на домаќините беше голманот Фабијански кој скроти неколку добри прилики и имаше среќа во некои ситуации.
Ливерпул и покрај поразот ќе остане на четвртата позиција, но пропушти шанса да му побегне на Тотенхем кој ремизираше кај Саутемптон.
OhridNews