По неуспешните трансфери од Премиер лигата екипата од Енфилд се насочува кон италијанската Серија А или поточно во Рим.
Англискиот премиерлигаш сезонава парите добиени од трансферот на Луис Суарез во Барселона ги искористи за доведување на фудбалери кои до сега не ги оправдаа средствата.
Менаџерот на „црвените“ Брендан Роџерс има пикирано три засилувања и тоа сите од тимот на Рома, Миралем Пјаниќ, Раџа Наинголан и Адем Лјаиќ.
Како прво се издвојува босанскиот репрезентативец Пјаниќ за кој Ливерпул е подготвен да „искешира“ 35 милиони евра, а потоа следуваат уште двете имиња.
Мх.П.