Англискиот премиерлигаш, Ливерпул нема да го продаде својот фудбалер Мохамед Салах следното лето, без разлика каква понуда ќе стигне на адресата од Енфилд.

Како што објави Телеграф, „црвените“ имаат намера да отфрлат било какви понуда за Египќанецот, кој со последните прикажани игри стана цел на интересите на шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Салах ќе стане клучен играч во тимот за освојување на титулата во Премиер Лигата.

Оваа сезона, 25-годишниот играч на 30 натпревари постигна 28 гола.

OhridNews