Фудбалерите на Вест Хем со триумф над Ливерпул 2-0 пред своите гледачи ја отворија Новата година во Премиер лигата.
„Чеканите“ со победата над „црвените“ ја продолжија одличната низа сезонава против фаворитите. Вест Хем нема пораз кога игра со екипите кои се претеденти за висок пласман, а единствено со Манчестер Јунајтед успеа да освои бод. Стрелци на головите за домаќините беа Антониот во првиот односно Енди Керол во вториот дел.
Со овој триумф Вест Хем се доближи до голема четворка додека Ливерпул продолжи со игрите топло-ладно.
Ohridnews











