Арсенал и Ливерпул обезбедија пласман во 1/4 финалето од англискиот Лига куп победувајќи ги во осминафиналето Ридинг (2-0) односно Тотенхем (2-1).


„Топчиите“ со по еден гол во двете полувремиња успешно и рутински ја завршија својата задача во 1/8 финалето. Двата погодоци беа дело на Алекс Окслејд Чемберлејн кој полека се враќа во препознатливата форма.


Дерби пресметката на Енфилд Роуд ја реши Даниел Стариџ кој ги постигна двата погодоци за Ливерпул во триумфот над Тотенхем. Стариџ погоди 9-та и 64-та минута, а „петлите“ до крајот на мечот постигнаа само почесен погодок преку Винсент Јансен.


Четвртфиналистите ќе се комплетираат по мечевите Саутемптон – Сандерленд, Вест Хем – Челси и градското дерби Манчестер Јунајтед – Манчестер Сити.

Резултати: Арсенал – Ридинг 2-0, Бристол Сити – Хул 1-2, Лидс – Норвич, Ливерпул – Тотенхем 2-1, Њукасл – Престон 6-0.

OhridNews