Управата и менаџерот на клубот, Јирген Клоп во летниот преоден рок ќе се наоѓаат на големо искушение да го задржат во своите редови Даниел Стариџ.
Англискиот репрезентативец се најде на врвот од трансфер желбите на францускиот шампион Пари Сент Жермен кој неофицијално ќе понуди 50 милиони евра.
Стариџ би бил прва „ѕверка“ во француската екипа бидејќи заминување најави Златан Ибрахимовиќ, а трансфер во Премиер лигата посакува Едисон Кавани.
„Црвените“ со евентуалната продажба на Стариџ ќе профитираат многу, но ќе останат без првиот избор во нападот, а се поизвесно е дека ќе го продадат Кристијан Бентеке кој не импресионираше по доаѓањето од Астон Вила.
Германскиот стручњак во неколку наврати го поддржа Стариџ во борбата со повредите, но сега ќе мора да донесе конечна одлука околу неговата иднина од која пак, ќе зависат и многу работи на Енфилд.
OhridNews