Ливерпул и Челзи ќе се сретнат во полуфиналето на англискиот Лига куп, откако ’црвените’ го елиминираа Борнмут со 3:1, а ’сините’ уште во вторникот со идентичен резултат славеа над Дерби Каунти.


Втората полуфинална двојка во Лига купот ја формираа Тотенхем и Шефилд Јунајтед. Тотенхем со 4:0 во четвртфиналето славеше над Њукасл, додека третолигашот Шефилд го изненади Саутемптон со победата од 1:0.

Претстојната пресметка помеѓу Ливерпул и Челзи ќе биде петта меѓусебна за двата тима во Лига купот, последен пат се сретнале во ова натпреварување во 2011 кога Ливерпул победи во Лондон со 2:0, а подоцна и го освои трофејот.

Првите полуфинални натпревари ќе се одиграат на 19. јануари, а реваншите на програмата ќе бидат на 26.јануари. 

 

„Макфакс“