„Црвените“ од Енфилд продолжија со игрите „топло ладно“ под водство на новиот менаџер Јирген Клоп откако претрпеа пораз од Њукасл на Сент Џејмс Парк 2-0.


Гостите имаа контрола на играта, имаа прилики за погодок, но не успеаја да реализираат. Тоа од рака им појде на домаќините кои со помош на Мартин Шкртел го отворија резултатот во 69-та минута.


Печат на третата победа на Њукасл сезонава стави Жоржињо Вајналдум во судиското продолжение, кој беше најзаслужен и за првиот погодок.

Њукасл покрај победата ќе остане во зоната за испаѓање, а „црвените“ пак ќе имаат пад од една позиција на табелата.

Ohridnews