Ливерпул под палката на харизматичниот германски стратег Јирген Клоп ја продолжува позитивната серија. Иако потешко од очекувањата црвените од „Енфилд“ прокнижија три нова бода во дуелот со Свонси. Стрелец на единствениот гол беше Милнер од пенал во второто полувреме.

Во дербито на колото во Лондон, Тотенхем и Челзи одиграа нерешено 0:0, а без победник и со идентични 1:1 завршија и мечевите Вест Хем – Вест Бромвич и Норвич – Арсенал.

На табелата по 14 одиграни кола водат Манчестер сити и Лестер со по 29 бода, бод помалку има Манчестер јунајтед (28), следат Арсенал 27, Тотенхем 25, Ливерпул 23…

OhridNews