Менаџерското столче на Енфилд остана празно откако клубот одлучи да го раскине договорот со Брендон Роџерс.
Подолго време се зборуваше и пишуваше за отказ Роџерс, но тој некако преживуваше на менаџерската позиција.
Слабите резултати на „црвените“ во Премиер лигата и Лигата на Европа ја прелија чашата, а навивачите отворено најавија бојкот на Роџерс.
За наследник на Роџерс се споменуваат Јирген Клоп кој е прв фаворит на навивачите, искусниот Карло Анчелоти и екс тренерот на Наполи и Интер, Валтер Мацари.
Мх.П.











