Англискиот премиерлигаш Ливерпул ги засили редовите, откако во клубот пристигна швајцарскиот репрезентативец Џердан Шаќири.

26-годишниот фудбалер помеѓу „црвените“ се пресели од тимот на Стоук кој минатата сезона отпадна од елитното англиско друштво. Целокупниот трансфер изнесува 13 милиони фунти.

Швајцарецот со Ливерпул се обврза на пет годишна соработка, а ќе го носи дресот со број 23 кој до неодамна беше сопственост на Емре Чан кој замина во Јувентус.

За „црвените“ од Енфил ангажманот на Шаќири е трето засиливување. Претходно ги доведоа Фабињо од Монако и Кеита од германскиот бундеслигаш Лајпциг.

OhridNews