Поранешниот чувар на мрежата на Барселона, Виктор Валдез е пред трансфер во англискиот премиерлигаш Ливерпул.

По завршување на минатата сезона Валдес стана слободен играч откако му истече договорот со каталонците.

Тој веќе беше договорен со францускиот Монако, но, повредата на лигаментите од коленото го оддалечија цели шест месеци од терените и трансферот пропадна.

Повеќе пати шпанскиот голман беше поврзуван со преселба во Ливерпул, а моментално е најблиску до трансфер на Енфилд.

Мх.П.